Директорот на судска медицина тврди: Видов 44 целосни тела и делови од 45. тело

Директорот на институтот за судска медицина доктор Александар Станков во телефонска изјава за „Слободен печат“ вели дека завршени се 44 обдукции на целосни тела, но и делови од 45 тело.

Станков децидно тврди дека видел делови од 45-то тело. Неговото тврдење е спротивно на тврдењето на бугарското обвинителство дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела, а дека 8 лица се спасиле од несреќата.

-Можно е некој од туристите да се качил на територијата на Бугарија во некој од другите автобуси на туристичката група и затоа патниците се еден помалку, изјави денеска шефот на тимот истражители што го истражува случајот Маријан Маринов.