Директорот на МКЦ поднесе оставка

Директорот на МКЦ, Русе Арсов соопшти дека си поднесува оставка од функцијата.

-Би сакал да соопштам дека денес се повлекувам од функцијата Вршител на должност Директор на Јавната установа Младински културен центар. По три ипол години, премногу љубов, страст и жар – не издржа срце јуначко па од здравствени причини ќе морам самиот да се повлечам од оваа функција, соопшти Арсов.

Тој соопшти дека zа време на неговиот мандат, МКЦ реализирале повеќе битни проекти.

-Во последните три и пол години МКЦ реализираше: најубави кинопроекции на кров на ГТЦ, во Парк, на Езерце, а го направивме и најголемото кино на отворено со проекцијата на „Исцелител” во Градски парк. Отворивме нова градска летна сцена во Паркот МКЦ, отворивме три графити и стрит арт галерии, а цртавме мурали и во Ибни Пајко. Ја поведовме иницијативата „Култура во време на корона”,која беше пример и поттик и за другите регионални метрополи, МКЦ стана членка на ФИАФ, стана членка на Лајвјуроп. Беше дел од уште неколку европски проекти и програмски соработки, а беше домаќин и на Урсула фон дер Лајен. Секако ги реализравме фестивалите, МОТ, Синедејс, Здраво Млади. Ги реновиравме и тоалетите во МКЦ J Само во 2021 и покрај пандемијата преку 650 реализирани настани. Пополека стануваме препознатливи и по поддршката на независната театарска сцена. Ги донесовме Лиза Жерар во Филхармонија, Љубомир Мелник во Пошта, вели тој.

Арсов им се заблагодари на сите негови колеги кои „успеале да останат најголеми професионалци“.