Директорот на ЈП „Градски паркинг-Скопје“: Барајте фискални сметки за паркинг услугите!

Директорот на ЈП „Градски паркинг-Скопје“, Бојан Христовски оценува дека проблемот со паркингот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е наследен проблем кој треба и мора да се реши во најскоро време.

-Како и што најавив пред околу една недела веќе се поставени дополнителни редари на главниот влез на клиничкиот центар. Се делат информативни флаери за побрз и функционален проток на возила низ паркингот. Незначителна, но сепак значајна бројка од околу 50-100 возила љубезно се пренасочуваат кон други паркинзи во близина, посочи тој во гостувањето на Сител ТВ.

Христовски најави дека ќе се прави ревизија на постоечките преку 2.000 издадени картички на персоналот од клиничкиот центар кои се со повластена месечна претплата од само 400 денари.

Директорот упати и апел до сограѓаните:

- Користете ги паркоматите

-Најпрво платете за паркинг услугата па потоа влезете во вашиот автомобил, со цел да не се создава застој.

- Барајте фискални сметки.