Директор физички нападнал скопјанка вработена во неговата фирма

Министерството за внатрешни работи  информираше дека вчера околу 11.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров е пријавено дека во фирма на подрачје на Ѓорче Петров вработената П.Г.В.(50) од Кавадарци по претходно недоразбирање била физички нападната од Ф.Х., кој бил директор на фирмата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.