Директната авионска линија Скопје-Софија треба да биде пуштена до 1. март

По денешната муѓувладина седница помеѓу С.Македонија и Бугарија беа упатени прашања до македонскиот премиер Димитар Ковачевски кои би биле критериумите на трите основани групи.

– За политички прашања со Петков разговаравме и во Скопје, но и тука во Бугарија, но доминантни беа темите на 3-те групи. Идната недела ќе имаме туристички оператори од Бугарија кои ќе дојдат во Скопје за директната авионска линија која треба да биде пуштена до 1 март. До 2023 треба да се изградат 13 километри пат до Клепало и таму да се направи граничен премин. Во догледен период треба да имаме прва меѓувладина седница со ЕУ, тоа е динамиката, рече Ковачевски.