„Димитрија Чупоски“: Коце Трајановски со убедлива предност пред Петре Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ и нивните кандидати за градоначалници уживаат најголема поддршка меѓу граѓаните, покажа најновата анкета на Институтот Димитрија Чупоски.

Од кандидатите за градоначалници на Скопје, највисок рејтинг има актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски. Дека за него ќе гласаат се изјасниле 36,2%, а за неговиот противкандидат од СДСМ, Петре Шилегов ќе гласаат 26,1% од граѓаните.

За друг кандидат на изборното ливче ќе гласаат 5,9 % од испитаниците, а на гласање нема да излезат или се уште не се определиле за кого да гласаат 31,8 %.

Во приказот направена е споредба меѓу кандидатите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Она што може да се заклучи од анализите е предност на кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Нестандардните гласачите кои излегоа на минатите избори, а кои беа пасивни минатите изборни циклуси, многу веројатно е дека на овие локални избори нема да излезат да гласаат. Кај албанското гласачко тело постои револт кон партијата на власт СДСМ, поради коалицирањето со ДУИ кои ја перцепираат како партија која долги години е на власт.