Дилер од Скопје ќе лежи в затвор, ова се деталите

Министерство за внатрешни работи соопшти дека денеска полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б. (26), кој бил баран за издржување казна затвор од 44 месеци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни

супстанции и прекурзори“.

– Денеска (27.07.2022) во 11.10 часот на улица „Македонско-косовска бригада“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(26) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основниот кривичен суд – Скопје за издржување казна затвор од три години и осум месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Оттаму велат дека лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.