Дилер и корисник на дрога од Гостивар ќе одговараат кривично откако полицијата пронашла марихуана

Дилер и корисник на дрога од Гостивар добија кривични пријави.

Во полицискиот билтен се наведува дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Ѓ.М.(37) и Е.И.(36), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“.

На 06.05.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на второпријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, која ја набавил од првопријавениот.