Девојко, ти го заслужуваш целиот Универзум, а не само трошки

Можеби на почетокот ви се чинело дека тој е мажот од вашите соништа. Ви посветувал многу внимание и се однесувал како вие да сте единствена жена во неговиот живот. 

Но, кога го добил она што го сакал, сè се променило. Не е работата само во интимните односи, почнал поинаку да се однесува кон вас во моментот кога сте му покажале дека го освоил вашето срце. Штом сфатил дека сте заљубени во него, го покажал своето вистинско лице. 

Дури тогаш сте сфатиле дека тој воопшто не ве почитува, не ги зема предвид вашите чувства, вашите желби и вашето мислење. Тогаш сте почнале да правите сè за да му го привлечете вниманието, сте сакале да го вратите мажот каков што бил на почетокот на врската. Сте биле подготвени на сè за да го направите среќен. 

Тој дури не ни барал од вас да се менувате, вие самите сте го направиле тоа. Вие сте се претвориле во нешто што не сте само за да му покажете дека сте интересни и привлечни. Но, поради тоа сте се изгубиле себеси и девојката која некогаш сте биле. Додека очајнички сте сте обидувале да го привлечете неговото внимание, сте го пропушиле она најважното, неговата почит. 

Неговото внимание не значи ништо ако немате неговото почитување. Тој всушност и не се разликува од останатите мажи кои се обидуваат да ви пријдат во диско и кои не ги интересира ништо освен забава. Нему не му е грижа за вашата иднина и вашата репутација, не му е грижа за вашите чувства. 

Длабоко во себе тој знае дека вие сте девојка која е вредна за вниманието, но не ви е достоен. Затоа ви дава само трошки внимание за да сакате повеќе. Тој ја користи оваа ситуација за да ја задржи контролата, затоа што не може да ви даде ништо реално. Тоа е сè само не е почит. Не ве цени и не ја цени вашата љубов кон вас. 

Со таков маж само губите време затоа што тој никогаш нема да се однесува со вас онака како што вие заслужувате. Не ја трошете вашата енергија на такви луѓе, бидете трпеливи и чекајте некој кој навистина ве заслужува. Чекајте да се појави вистински маж кој ќе ви даде многу повеќе почит, преданост и љубов.