Девојка од Велес отворено и искрено - имала 15 години кога била нападната од 62-годишник

Мартина Дејановска има 17 години, а кога пред 2 години била нападната од 62-годишник и единствен совет кој го добила бил да си оди дома и да не кажува на никого. 

Сепак, таа реши во долг фејсбук-статус да ја отвори својата душа и да посочи на фактот дека дури и кога пријавила, била советувана да молчи, додека пак предаторот добил само една година затворска казна. 

„Дејствијата кои се случија и елементите на кривичното дело, други полови дејствија на дете кое наполнило 15 години беа исполнети, причината поради која се решив да пишувам денес е резултатот и исходот од пресудата која гласи „ЕДНА ГОДИНА ЕФЕКТИВЕН ЗАТВОР“. Можеби ќе звучи чудно сето ова да се знае, но не е чудно сите да знаат што може да им се случи“, пишува таа во својот долг статус, кој можете да го прочитате целосно на нејзиниот профил, бидејќи е јавно достапен.