Девојка истепана на паркингот на Средно Водно

Деветнаесетгодишната И.Т. од Скопје била нападната изминатата вечер во 00:30 часот на паркингот на Средно Водно.

Како што информира МВР, по претходно недоразбирање, девојката била физички нападната од М.Ш. и М.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.