Детска ликовна работилница: Остави го таблетот, симни се пред зграда

Општина Центар со вашите деца ве поканува на една поинаква  детска ликовна работнилница „ Остави го таблетот, симни се пред зграда“. Настанот ќе се одржи на 04 јули 2018 г. во 18: 00 часот во Паркот Капиштец.

 

Идејата на проектот е преку едукативни и уметнички работилници низ игра, да се стимулираат најмладите жители на општина Центар на дружење со нивните врсници. Организаторите најавуваат ликовни, театарски и музички работилници за деца во текот на летните месеци, кои ќе ги водат искусни професионалци кои работат во овие области. Сите заедно ќе се потсетиме дека вклучувањето на децата во уметноста е клучно за нивната креативност и општиот развој, а влогот во здрави и креативни деца е наш влог во подобра и одржлива иднина.

На децата им  се потребни многу можности за креативна игра и размислување, кои помагаат за здрав психофизички развој. Тоа нема да го најдат играјќи се на таблетот.