Детска ликовна колонија во Кучково

Локацијата Кучково традиционално и годинава ќе ги обедини најмладите уметници од основните училишта во општината Ѓорче Петров и од Градот Скопје. Ликовната колонија ќе се одржи на 26-ти април на три локации во селото Кучково , а учество ќе земат над 40 ученици од 6-то до 9-то одделение од општината и сите општини од градот Скопје.

Младите сликари ќе сликаат на три локации на сред село стара чешма во селото Кучково, во манастирот св. Ѓорѓија , и во етно ресторанот „Старо буре" , а ќе цртаат со молив и јаглен, акрилни и темперни бои кои ги обезбедува општината. Секое дете ќе добие препознатлива маичка со логото на општината.

Творбите ќе бидат изложени на општонародниот собир што се организира секоја година , на 1 Мај на платото пред крстот во селото Кучково, а секое дете ќе го презентира своето дело пред присутните посетители. За децата обезбеден е бесплатен автобуски превоз од општината Ѓорче Петров до местото на настанот.