Детска ликовна колонија во Кучково

Над 40 ученици од 6 до 9 одделение од Скопје денеска ќе учествуваат на Детската ликовна колонија што ќе се одржи во Кучково.

Младите уметници ќе сликаат на три локации на сред село, во манастирот „Св. Ѓорија“ и во етно ресторанот „Старо буре“. Тие ќе цртаат со молив и јаглен и со акрилни и темперни бои.

Творбите ќе бидат изложени на општонародниот собир што се организира секоја година на 1 Мај на платото пред крстот во село Кучково.