Доколку се храните здраво, не ви е потребно магично стапче за да ги постигнете посакуваните резултати.
Ова е еден од најдобрите пијалоци со кои можете да го започнете денот, а кога денот почнува со чаша полна хранливи материи, тогаш несомнено си помагаме за подобрување на нашето здравје.
Потребни состојки
1 парче лубеница
1 грејпфрут (цеден сок или исецкан на парчиња)
1 лажица ленено семе
неколку листови нане
неколку листови спанаќ
Измешајте ги сите состојки во блендер и конзумирајте го овој смути пијалок наутро. Тој е одлично богатство на природни состојки бидејќи содржи витамини А, Ц и К, како и бакар, магнезиум и калиум. Придонесува за блескава кожа, забрзување на метаболизмот, намалување на холестеролот и поттикнување на слабеењето.