Дете во Карпош нападнато и искасано од пет кучиња, мајката сподели фотографии

Дете во Карпош завршило со рани на нога по каснување од улично куче откако детето било нападнато од глутница кучиња. Според објавата на мајката, нападот се случил во Карпош 4, во близина на основното улилиште „Петар Поп Арсов“. 

- Општината малку повеќе да се ангажира околу кучињата скитници пред секоја зграда. Моето дете беше нападнато од пет кучиња и среќна околност е што е каснато „само“ на ногата. За сликање и промоции сте први, а за наша заштита и грижа ве нема никаде, сподели видно револтирана мајката која објави и фотографии од раните на детето. 

Засега нема официјални информации за овој случај, не е позната ниту возраста на детето. 

Споделените фотографии на социјалните мрежи може да бидат вознемирувачки!