Дете од скопско тешко повредено откако било нападнато од куче кое било врзано во двор на фирма

Малолетник бил тешко повреден откако бил нападнат од куче. 

- На 05.01.2025 во 10.07 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Драчево било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од село Студеничани, скопско. Според пријавеното, малолетникот заедно со негов малолетен другар влегле во двор на правен субјект во село Студеничани, сопственост на К.С.(29), при што неговиот другар одврзал едно куче кое потоа го нападнало и каснало малолетникот и му ги нанело повредите, соопштија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.