Дете и 19-годишен возач од Студеничани се повредени во сообраќајка на „Борис Трајковски“

19-годишник од Студеничани е тешко повреден, додека неговиот малолетен сопатник е повреден во сообраќајка на булеварот „Борис Трајковски“ што се случила вчеравечер. 

- Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(53) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(19) од село Студеничани, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.О., а со телесни повреди се здобил негов малолетен сопатник од с.Студеничани,  констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје, минформираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје