Детална временска прогноза: Кога да си го планирате летниот одмор?

За неколку дена ни доаѓа јуни и веќе се планираат летните одмори, но времето во изминатиот период беше дождливо и тоа може да ви ги расипе плановите.

Деталната временска прогноза на „Accuweather“ вели во јуни да не си планирате одмор затоа што се очекува дождливо време, иако температурата на крајот на месецот ќе достигне до 26 степени.

Ниту во јули не се очекува подобрување на временските услови затоа што преку ден се очекуваат сончеви периоди, а потоа нестабилност и можност за невреме во вечерните часови, а највисоката температура која се очекува е 29 степени.

Дождливото време ќе продолжи и во август, при што се очекува расчистување на облаците и дождот дури на крајот на месецот, односно по 26 август кога ќе почнат температурите да се зголемуваат.