Детали за тешката сообраќајка што се случи вчера кај клучката Хиподром

Двајца возачи минале со полесни повреди по сообраќајна несреќа која вчера се случи на автопатот Скопје-Велес после клучката Хиподром.

Како што информиравме вчера, во несреќата учествувале автомобил „Југо“ со штипски регистерски ознаки и „Мерцедес“ со кумановски таблички.

Повредените возачи Ј.А. (68) од Облешево и Р.Д. (43) од Куманово биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје каде на двајцата им се констатирани полесни повреди. Возачот на „Југото“ Ј.А. по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување, додека возачот на „Мерцедесот“ Р.Д. е задржан на понатамошно лекување.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.