Детали за пожарот во средното спортско училиште во Скопје

Во Државно училиште за физичка култура „Методи Митевски - Брицо“ во Скопје денеска избувна пожар, кој како што информираа за МИА од скопската Противпожарна бригада, бил успeшено изгаснат и не предизвикал поголеми штети.

- Имаше зачадување во просторот. На терен беа испратени 11 пожарникари, односно три противпожарни возила чисто превентивно, но пожарот не беше голем и брзо беше изгаснат, изјави командирот на Противпожарна бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томески.

Причината за предизвиканиот пожар ќе биде дополнително утврдена.