Детали од масакрот кај Младеновац: Лажев дека сум бремена за да не ме убие

Девојката која беше киднапирана од убиецот од Младеновац открива детали од масакрот кој се случи неодамна.

Во обвинителството кажа дека успеала да го излаже убиецот Урош Б. дека е бремена за да не ја убие.

Осомничениот за масакрот кај Младеновац на 5 мај киднапирал такси и девојката во него, откако претходно уби осум лица, а повреди уште 14.

-Урош Б. влезе во автомобилот со бомба во рака и му се закани на таксистот дека ќе ја активира ако не вози каде што ќе му каже, открива несреќата девојка.