Десетина возила стојат паркирани на булеварот пред судовите

Веќе извесно време десетина возила секој ден се паркирани на булеварот „Гоце Делчев“ пред судовите и на тој начин не само што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот во овој дел на градот, туку и узурпираат една цела лента од булеварот. Дополнително овие возила претставуваат и безбедносен проблем за нормалното функционирање на судовите кои се наоѓаат на во непосредна близина.

Твитер корисникот Карамбабарамба во неговиот пост го посочува токму овој проблем и прашува зошто не може да се воведе ред пред судовите.

„Во моментов пред судовите во Скопје има нелегално паркирано околу 40 коли. Почнува редот точно од знакот за забрането паркирање и запирање. Пред суд ред не можат да воведат бе! А десетте "чистачи" на шофершајбни што рипаат низ сообраќај нема ни да ги споменам. Вака ли во Европа?“, стои во постот на овој корисник.