Десет карактеристики на остварената жена

Михаил Лабковски е руски психолог кој сè почесто може да се сретне на различни портали. Едно негово видување за карактеристиките на остварената жена предизвикаа бран на коментари. Некои се сложуваат, некои не. Вие што мислите?

  1. Таа уште од рани години научила да се потпира само на себе.

  2. Таа си е доволна сама на себе – не ѝ се потребни други луѓе за да ги реши сопствените проблеми.

  3. Таа е независна во секоја смисла на зборот. 

  4. Таа не бара помош, но кога ѝ е потребно – вклучува други луѓе.

  5. Таа не прави компромиси.

  6. Таа никогаш и со никого не се споредува.

  7. Таа е задоволна со својот изглед.

  8. Таа не сонува за брак, затоа што нејзината среќа не зависи од другите.

  9. Таа не прифаќа нееднаквост.

  10. Таа никогаш нема да престане да работи, затоа што така се остварува, сака да работи и ужива во тоа.