Десерт за една минута: Здрав чоколаден пудинг со авокадо

Секогаш кога ќе посакате да јадете нешто слатко но здраво, потсетете се на овој рецепт за пудинг од чоколада и авокадо. Сигурно ќе ви оди во прилог тоа што овој десерт се подготвува за многу кратко време, но пред сѐ е многу вкусен и ќе ја задоволи вашата потреба за благо.

Авокадото е посебно добро за одржување здрава рамнотежа на хормоните, но и го забрзува метаболизмот и помага во борбата против одредени болести. Тоа содржи билни стероиди и може да го зголеми нивото на проестроген кај жените и нивото на тестостерон кај мажите.

Освен тоа, авокадото има многу моќни својства кои влијаат на спречување на стареењето и е голем извор на сирови масти бидејќи во себе содржи влакна, калиум (двојно повеќе од банана), витамин Е, витамин Б комплекс, фолна киселина, калциум, магнезиум, натриум и железо.

Состојките кои ќе ви бидат потребни за овој десерт се:

3 големи, меки и зрели авокада

¼ шолја какао во прав

3-6 лажици кокосово млеко

1 кафена лажичка екстракт од ванила

2 кафени лажички кокосово масло

2 лажици мед

Подготовка:

Авокадото, какаото во прав, кокосовото млеко, ванилата, кокосовото масло и медот ставете ги во блендер и измешајте ги.

Мешајте една минута додека смесата не стане хомогена.

Ставете го пудингот во фрижидер околу 30 минути и потоа можете да го послужите пред семејството или гостите.

Пријатен апетит!