Десерт од несекојдневни состојки: Мус од бело чоколадо со маслиново масло

Ако сакате да испробате нова гастрономска магија со храбра комбинација на состојки, тогаш ви предлагаме да направите мус од бело чоколадо со маслиново масло. 

Потребни состојки:

200 грама бела чоколада
4 полни лажици маслиново масло
50 милилитри посна слатка павлака
100 милилитри обична слатка павлака
шеќер во прав
какао
малку сол
мала чашка ракија

Подготовка:

Во сад над пареа искршете ја чоколадата и мешајте додека да се стопи. Исклучете го изворот на топлина и додајте ги ракијата и маслиновото масло, додајте прстофат сол и мешајте додека да се соедини смесата.

Во друг сад изматете ги двата вида слатка павлака. Една третина од изматениот шлаг измешајте ја во чоколадната смеса. Потоа додавајте по малку од остатокот од шлагот додека да се добие хомогена смеса. 

Добиениот крем ставете го во фрижидер неколку часа. 

Измешајте малку маслиново масло со шеќер во прав и какао. Во чаша најдолу ставете искршен кекс по избор, одозгора додајте од мусот и најгоре ставете од смесата со масло, какао и шеќер во прав.