Десерт без глутен: Мафини со чоколадо

Што ви е потребно да подготвите мафини без глутен?

Состојки:

- ¼ шолја интегрално оризово брашно

- ½ шолји бадемово брашно

- ¼ лажичка сода бикарбона

- Половина лажичка сол

- 140 гр. темно чоколадо

- 115 гр. путер

- Три лажици какао

- Три јајца

- Шолја кафеав шеќер

- Две лажици екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подмачкајте го тавчето за мафини со путер.

Во садот промешајте оризово и бадемово брашно, сода бикарбона, сол и цимет.  Во друг помал сад промешајте чоколадо и путер и стопете ги на пареа. Кога ќе ги тргнете од огин, додајте и какао.

Во поголем сад, со миксер изматете јајца и шеќер и додајте екстракт од ванила.

Постепено додавајте ја смесата од чоколадо и путер, матете околу една минута, па додајте ја смесата со брашното и соединете ги.

Смесата сипете ја во калап и печете околу 15 минути.