Денот на раѓање го открива вашиот карактер

 

Дали сте знаеле дека денот на раѓање може да открие многу за вашиот карактер?

Понеделник

Со понеделникот владее Месечината, а според народните преданија, во годината постојат дури три понеделника кои се сметаат за несреќни: првиот понеделник во април, вториот понеделник во август и последниот понеделник во декември. Луѓето родени во понеделник се променливи исто како што е променлива Месечината, а најголемо влијание на нив имаат емоциите. Важно им е во животот да имаат цврсти темели, како што се семејството, пријателите и партнер од кој ја црпат својата енергија.

Вторник

Вторник го добил името по планетата Марс, кој според римскиот јазик значи бог на војната. Тоа на луѓето родени на овој ден им носи голема сила, борбен дух и упорност да ги остварат своите цели. Сепак, под влијание на Марс, тие се немирни и склони кон нервоза.

Среда

Среда името го добила по Меркур, кој бил римски бог на трговијата, патувањата и науката. Според тоа, луѓето родени на овој ден ги краси интелигенција, елоквентност и имаат големо влијание врз другите луѓе.

Сепак, наследиле и одреден немир и радозналост поради кои им се потребни постојани изговори за да функционираат.

Четврток

Со четврток владее Јупитер, кој во митологијата е бог на грмотевиците и на дождот. Тој е симбол на експанзија, оптимизам и добар хумор кој ги краси луѓето родени во четврток. 

Овие луѓе имаат силно изразена потреба за слобода и независност, па ретко се задржуваат долго на едно место.

Петок

Петок е ден на планетата Венера, симбол на убавината, љубовта и пријатноста.луѓето родени на овој ден се под влијание на Венера и затоа се сензибилни и уметнички типови. 

На некој начин живеат во свој свет, а склони се кои идеалистички поглед на светот и фантазираат за романтика. Ја сакаат и ја ценат убавината и се трудат со неа да го исполнат својот живот.

Сабота

Сабота е ден на Сатурн кој во римската митологија е бог на земјоделието и на жетвата, но и син на мајката Земја. Луѓето родени на овој ден се карактеризираат со практичност, рационалност и зрелост, и сакаат да планираат. Тие уште од рана возраст се позрели од врсниците. Тешко поднесуваат промени поради сомнежот во себе, но тој всушност им е од голема корист.

Недела

Овој ден е под влијание на планетата Сонце, а според древните верувања се смета за прв ден од неделата. Според народните верувања, недела е многу среќен ден за раѓање дете. Луѓето родени во недела се харизматични, ведри и оптимистични. Тие се во вечна потрага за нешто поинакво и не се покоруваат на нормите. Наспроти тоа, стабилни се, а најчесто ги следи среќа во животот.