Денеска започна продажбата на билетите за концертот на Рибља Чорба

Денеска започна продажбата на влезниците за концертот на “Рибља Чорба” во Скопје кој ќе се одржи на 27-ми јуни пред платото на А1 Арената.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани на отворено, а во продажба се пуштени само 2.500 влезници (иако капацитетот на платото пред А1 Арена е за 6.000 посетители).

Влезниците по цена од 600 денари може да ги набавите преку продажната мрежа на Авалон Продукција, Југотон во ГТЦ, цвеќарница „Розе“-Веро 2 и онлајн на avalon.mk.