Денеска во Скопје се забележани нови позитивни случаи на Ковид 19 во градинките

Денеска во Скопје се забележани нови позитивни случаи на Ковид 19 во градинките Росица во Ѓорче Петров, во објектот Кокиче, во градинката Буба Мара, Лавче, во Аеродром и во градинката Кочо Рацин во Центар, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Неодамна, министерката Јагода Шахпаска, рече дека е очекувано да расте бројот на заболени негователки и учителки во градинките, со оглед на ситуацијата со пандемијата.