Денеска во Гази Баба ќе се оддржат два граѓански форуми за креирање на Буџетот за 2025

Денеска во Гази Баба ќе се оддржат два граѓански форуми во рамки на постапката за креирање на буџетот на општина Гази Баба за 2025 година и тоа:

-18:00 часот - граѓански форум за жителите од Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово и Дрма во ООУ Крум Тошев;

-19:00 часот - граѓански форум за жителите од Хиподром, Маџари, Кирил Петрушевски и Триангла во ООУ Вера Јоциќ.

- Ги поканувам сите граѓани да земат учество во форумите и со своите идеи да го дадат својот придонес за подобра Гази Баба, порача градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски. 

Дополнително својата идеја жителите може да ја дадат и онлајн на следниот е-маил: tvojaideja@gazibaba.gov.mk