Денеска ветер, а еве какво ќе е времето наредните денови

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови. Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 7 степени, а дневната од 10 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец.  Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 19 степени.

Во среда ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен, а во четврток од северен правец.