Денеска топло, но ќе има слаб дожд и грмежи

Променливо облачно време, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно и релативно топло, освен во петок кога ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.