Денеска студено време со засилен ветер, на повисоките места снег

Времето во Република Македонија ќе променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Во северните и североисточните делови на планините и на повисоките места ќе има услови за слаб снег. Ќе дува умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од четири до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно и постудено со сончеви периоди . Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за снег. Во сабота повремен снег ќе има и во пониските места.