Денеска сончево, за викендов мала промена на времето

 

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 33 степени.

Следува период на стабилно и топло време, освен во сабота кога во планинските предели ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од понеделник температурите ќе бидат во натамошен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица.