Денеска сончево и ветровито, од утре температури под нулата

Времето денеска сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Денеска ќе се задржи свежо време со температури под просекот за овој период од годината.

Утринските температури од вторник на повеќе места ќе бидат околу нулата. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд. 

Дневната температура ќе биде од 8 до 16 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 14 степени.