Денеска сончево и топло време, попладне дожд

На првиот ден од мај времето е променливо облачно и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне се очекува краткотраен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура до 7 степени и дневна до 24 степени.

Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно облачно со краткотраен локален дожд и ретки грмежи.