Денеска со дожд и посвежо, еве кога се очекува да помине влажниот бран

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2за 24 часа), грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достине до 24 степени.

Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса нови врнежи повторно се очекуваат во петок.