Денеска се регистрирани 9 нови случаи на Ковид 19 - починати пациенти нема

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 4, Тетово – 4 и Кичево - 1.

Регистрирани сe 53 оздравени пациенти од: Скопје –  17, Тетово и Охрид – по 9, Кичево – 8, Битола, Прилеп и Кавадарци – по 2 и Куманово, Гостивар, Струмица и Дебар – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 1.973 тестови преку: ИЈЗ-117, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-43, Биотек-72, Систина-60, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-426, ВФВ Медикал-8, Ели Медика-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.163.

Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.