Денеска се одбележува Светскиот ден на ренџерите

Денеска се одбележува Светскиот ден на ренџерите!

И покрај тоа што зборот има корени од францускиот јазик, Македонија за своите чувари на природното богатство, го користи светски прифатениот термин „ренџери“.

Од Македонското еколошко друштво порачаа дека нивната соработка со ренџерите е долгогодишна.

- Ренџерите, чуварите на природното богатство, се нашите сојузници во борбата за заштита на природата во Македонија. Тие често се и наши соработници за време на теренските истражувања. МЕД редовно се труди да обезбеди дополнителни едукативни обуки за ренџерите, со што нивната спремност ќе биде на високо ниво, порачаа од МЕД по повод денешниот ден.