Денеска (3 ноември) дел од корисниците во Скопје ќе останат без електрична енергија и вода поради планирани интервенции на електродистрибутивната и водоводната мрежа.

Photo by Fré Sonneveld on Unsplash
Според известувањето од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, во периодот од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „Ордан Чопела“ и „Иван Наумов Алабакот“ во општина Гази Баба.
Прекин на електричната енергија од 08:40 до 10:40 часот ќе има и во селото Мралино, општина Илинден, поради интервенција на далноводот. Дополнително, од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улиците „Благоја Стефковски“ и „Анри Барбис“ во Гази Баба.
Прекини во водоснабдувањето се најавени на две локации. Поради промена на затворач на улицата „Филип Втори“, од 11:00 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на објектот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во општина Центар, до завршување на работните активности.
Без вода ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Коце Металец“ бр. 6 во општина Гази Баба, каде што поради промена на вентил, прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите.