Денеска празничен возен ред на ЈСП во Скопје

ЈСП Скопје ги известува корисниците дека денеска (сабота) по повод државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Дежурна ќе бидат билетарницата и центарот за персонализација на Транспортен центар, која ќе работи од 8 до 14 часот.

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу, соопштија од ЈСП.