Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест, возачите да го избегнат овој дел од градот

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје.

Како што информираат од МВР, денеска (01.10.2025) во периодот од 10.00 до 12.00 часот поради одржување на протест, за сообраќај ќе бидат затворени булевар „Гоце Делчев“ на потегот од крстосница со улица „Филип 2-ри Македонски“ до крстосница со булевар „Св.Климент Охридски“ во насока на движење кон Влада на РСМ и булевар „Илинден“ во двете насоки на движење на потегот од крстосница со булевар „Св. Климент Охридски“ до крстосница со булевар „8-ми Септември“ во Скопје.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.