Денеска почнува анимиран филмски маратон под ведро небо за деца и возрасни

Станува збор за настан во кој е вклучена програма за деца која почнува во 18:30 часот и програма за возрасни која почнува од 21 часот, а ќе трае до 24 часот.

Во строгиот центар на градот, на плоштадот ВМРО, вечерва ќе се одржи анимиран филмски маратон за сите љубители на анимирани филмови.

Станува збор за настан во кој е вклучена програма за деца која почнува во 18:30 часот и програма за возрасни која почнува од 21 часот, а ќе трае до 24 часот.

Настанот е во организација на меѓународниот филмски фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје фест, и филмското училиште Тинтири Минтири, а со поддршка на Град Скопје.