
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и обвинителскиот тим кој ја води истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани денеска ќе одржат прес конференција на која ќе информираат за досегашната постапка и донесената јавнообвинителска одлука за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кој се случи на 16. март.
Инаку, доцна синоќа уште 13 полициски службеници и началници беа приведени во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.