Денеска ќе биде промовирана кампања „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“ на ЈП Градски паркинг – Скопје

В.д. директорот на ЈП Градски паркинг – Скопје Бојан Христовски денеска ќе ја отвори кампањата под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“.

Истовремено, како што соопшти претпријатието, ќе го претстави и анкетниот прашалник што од денеска ќе започне да се дели на корисниците на услугите на претпријатието.

Настанот ќе се одржи на јавното паркиралиште „Градска општа болница“.