
ЈСП Скопје ги известува своите патници дека денес по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), ќе се работи по неделен возен ред.
Како што информираат од ЈСП преку социјалните мрежи, исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.
Од таму додаваат дека дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: Транспортен центар; и на Зелен пазар.
„Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје.