ДЕНЕСКА ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГО ЦЕНТАР: Посебен сообраќаен режим на многу улици и булевари низ главниот град

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 23.06.2021 (среда), поради официјална посета на странска делегација на Република Северна Македонија, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на градот Скопје.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои што ќе ги издаваат полициските службеници.