Денеска има под 900 новозаразени, изјави министерот за здравство

Денеска бројот на новозаразени е помал од 900 лица, изјави на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, се стабилизира состојбата со коронавирусот во земјава, односно R-факторот на преносливост веќе е помал од 1.

– Бројките се намалуваат и мерките даваат резултати, се надевам дека тој тренд ќе продолжи. Согласно претходното искуство од претходните бранови овој пад на новодијагностицирани да продолжи понатаму – рече Филипче.