Денеска го славиме Свети Климент Охридски – Чудотворец, наш најголем просветител и учител

Денеска го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител.

Свети Климент Охридски македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панонија од Германците и побарал спас во тогашна Бугарија.

По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, (административно регионот во тогашното царство бил познат какоКутмичевица) каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Тој е познат македонски и словенски учител исто е познат и по градот Охрид.

Св. Климент бил и првиот Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така бугарската антарктичка база,универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија.

Најголемиот дел од моштите се чува во Македонија на Плаошник, покрај тие во Македонија има мошти на Св. Климент воБигорскиот Манастир, Во Митрополијата во Битола, Во Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ – Скопје и во Црква „Св. Климент Охридски“ – Скопје, и во Поречки Манастир Во црквата на Светите Седмочисленици во Софија (Бугарија), има дел од моштите со големина на нокт и воПловдив има честица од моштите. Неговиот череп се чува во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Бер, Егејска Македонија. Во 70 тите честица од моштите е однесена и во Рим.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проcветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св. Ѓорѓи, Св. Тома, Св. Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.